Поука по критиките на социјалните мрежи

Студентката која се снимаше прекачувајќи се кај мечките во Зоолошката во Скопје се извини: „Ова е пример како не треба“

Мила Анастасовска, студентката по криминологија на Факултет за безбедност која се прекачуваше преку ограда во живеалиштето на мечките во Зоолошката градина во Скопје за да сними видео за на ТикТок,  сними ново видео во кое се извини за грешката. Младата студентка признава дека ги прекршила правилата, но вели дека во ниту еден момент намерата не и била да се иживува со животните, туку сакала да направи интересно видео. 

„Јас сум Мила и сакам да се извинам за видеото кое беше погрешно сфатено од страна на народот. Мојата цел во ниту еден момент не беше да ги повредам или вонемирам животните, а горе кај мечките се качив за да направам интересно видео. Во моментот кога се качив горе кај мечките, видов кришка леб и им ја фрлив. Вистина е дека ги прекршив правилата на Зоолошката градина, но не вистина дека ги вознемирив животните. Ова е еден лош пример како не треба да се однесувате во Зоолошката градина“, вели во видеото студентката. 

Девојката се снимаше додека се прекачува преку оградите во Зоолошката градина во Скопје на височина во живеалиштата на кафеавите мечки и останатите животни и испушташе звуци за да им привлече внимание.

„ЗОО Скопје има свој правилник и кодекс на однесување, јасно пишува на 10 големи табли дека е казниво, доколку се прават работи кои може да им наштетат на животните, но и работи опасни по живот за луѓето. Девојката јавно на својот ТикТок го објавила видеото во кое се гледа како покрај тоа што ги малтретира животните, го ризикува и сопствениот живот. Недозволиво е вакво однесување, особено на студент по безбедност. Соодветна пријава ќе биде поднесена до полициска станица. Доволно е некогаш и 1 минута да нема некој во близина и да се случи вакво нешто. Сепак ЗОО Скопје е на голема површина од 13 хектари и не секогаш може ваквите поведенија на лице место да се санкционираат. Но, ете за среќа сами ги објавуваат. Апелираме до сите посетители да се придржуваат до кодексот на однесување - Забрането хранење, забрането вознемирување на животните и забрането прескокнување на оградите", изјави денес Мицковска за МКД.мк.

Мицковска додава дека во изминативе неколку години ваквите случаи се изолирани, бидејќи работат на едукативни кампањи, а во ЗОО Скопје доаѓаат и комунални редари и инспектори од Инспекторатот на град Скопје.

„Имаше пред некое време случај со еден дечко кој го вознемируваше лавот и објави на Тик Ток, но по нашата јавна објава, се извини и веќе нема да помисли на тоа. Беше и пријавен во полиција. Сепак од нашето досегашно искуство, најголемо влијание за да се спречат ваквите однесувања, се нашите јавни објави на истите. Во борбата со несовесните посетители, најмногу ни помагаат совесните кои веднаш пријавуваат доколку забележат нешто и секако медиумите кои ни се најголема поддршка во секој ваков случај ", додава Мицковска.

„Мила сними видео и се извини. Можеби не разбрала до крај дека се што направи е погрешно како што се гледа во видеото, но тука сме да едуцираме и во иднина вакви работи да не се повторат никогаш. Ние ништо не сфативме погрешно како што кажува во ова видео- напротив сите погрешни работи се гледаат на претходната снимка која не вознемири сите. Секој кој сака преку снимање на видеа за социјални мрежи да биде во центарот на вниманието- нека прави убави работи, нека прави забавни видеа, нека покаже хуманост и емпатија. Има многу млади деца кои тоа го прават и се гордееме со нив. Се надевам Мила извлече поука од сето ова и дека ќе го поправи своето однесување. За почеток помогни и нахрани некое бездомно куче или маче“, порача Мицковска по објавеното ново видео на студентката. 

 

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе