Мицковска апелира да се почитува Кодексот

Студентка ризикува живот за на Тикток и се снима додека се прекачува преку ограда кај мечките во Зоолошката во Скопје

Девојка се снима додека се прекачува преку оградите во Зоолошката градина во Скопје на височина во живеалиштата на кафеавите мечки и останатите животни, фрла со камења по нив и испушта звуци за да им привлече внимание. Видеото е споделено на социјалната мрежа Тикток. Портпаролката на скопската Зоолошка градина, Тина Мицковска видеото го објави на нејзиниот фејсбук-профил и соопшти дека се работи за студентка по криминологија на Факултетот за безбедност во Скопје.

„ЗОО Скопје има свој правилник и кодекс на однесување, јасно пишува на 10 големи табли дека е казниво, доколку се прават работи кои може да им наштетат на животните, но и работи опасни по живот за луѓето. Девојката јавно на својот ТикТок го објавила видеото во кое се гледа како покрај тоа што ги малтретира животните, го ризикува и сопствениот живот. Недозволиво е вакво однесување, особено на студент по безбедност. Соодветна пријава ќе биде поднесена до полициска станица. Доволно е некогаш и 1 минута да нема некој во близина и да се случи вакво нешто. Сепак ЗОО Скопје е на голема површина од 13 хектари и не секогаш може ваквите поведенија на лице место да се санкционираат. Но, ете за среќа сами ги објавуваат. Апелираме до сите посетители да се придржуваат до кодексот на однесување - Забрането хранење, забрането вознемирување на животните и забрането прескокнување на оградите“, вели Мицковска за МКД.мк.

Мицковска додава дека во изминативе неколку години ваквите случаи се изолирани, бидејќи работат на едукативни кампањи, а во ЗОО Скопје доаѓаат и комунални редари и инспектори од Инспекторатот на град Скопје.

„Имаше пред некое време случај со еден дечко кој го вознемируваше лавот и објави на Тик Ток, но по нашата јавна објава, се извини и веќе нема да помисли на тоа. Беше и пријавен во полиција. Сепак од нашето досегашно искуство, најголемо влијание за да се спречат ваквите однесувања, се нашите јавни објави на истите. Во борбата со несовесните посетители, најмногу ни помагаат совесните кои веднаш пријавуваат доколку забележат нешто и секако медиумите кои ни се најголема поддршка во секој ваков случај ", додава Мицковска.

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе