„Статуафест - Скопје на улица“, денеска и утре фестивал на живи статуи во центарот на градот

На улица „Македонија“ во центарот  на Скопје денеска и утре од 18:30 до 21.30 часот ќе се одржува петтиот уличен уметнички фестивал за живи статуи „Статуафест – Скопје на улица", во организација на Зружението на граѓани ТимТеатросК, со  поддршка од Театар за деца и младинци и под покровителство на Град Скопје.

Годинава, како и минатата година, според најавите на организаторот, на фестивалот ќе настапуваат исклучиво домашни артисти зашто основна цел на театарската компанија за улична уметност е да создаде пообемна домашна продукција каква што ја има насекаде по светските фестивали.

„Некои од артистите ви се веќе познати, оние кои биле на ‘Статуафест‘ ќе имаат можност да ги препознаваат, но се разбира се појавуваат и дебитанти што нам ни е од огромна важност, бидејќи интересот за овој вид уметност расте од година во година. Се разбира, артистите овојпат ќе бидат во сосема различни улоги“, соопшти Здружението ТимТеатросК.

Темата на годинашниот „Статуафест – Другото лице на улицата“ е „Скопје на улица“. Како  што наведува организаторот, во преносна смисла „Статуафест“ ќе биде огледало на самите нас односно „што сѐ прават скопјани во текот на едно деноноќие движејки се забрзано или, пак, бавно низ улиците на нашиот град“.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе