Град Скопје

Средствата планирани за дочек на Нова година ќе се донираат на Клиниката за белодробни заболувања

Градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот на Градот Скопје ја информира јавноста дека се откажува дочекот на Новата 2018 година, а средствата коишто беа планирани за организирање на дочекот ќе се донираат во добротворни цели на Клиниката за белодробни заболувања.

На расправата за првичните мерки за загадувањето,  Шилегов  истакна дека следејќи ги препораките  да не се одржуваат  средби на отворено, настанот се откажува и ги повика и спонзорите да ги донираат  средствата предвидени за прославата на оваа ноќ во добротворни цели.

„Ќе го повикам главниот спонзор Телеком да направиме напори тие средства да завршат таму кајшто се најпотребни“,  истакна Шилегов на денешната седница на Советот.

Ова е вторпат прославата за Нова година  да биде откажана, откако минатата година се донесе истата одлука од слични причини.

Предновогодишните празнични активности,(базар на ракотворби, дедомразовски трки, детска програма...) ќе се одржат и за тоа наскоро ќе ја информираме јавноста, информираа од Град Скопје.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе