Има решение за уривање, ама...

Среде локални избори без дозвола пак почнува да се гради кај ТЦЦ Плаза во центарот на Скопје

Пред неколку дена градежната машинерија пак влезе во оградената парцела во центарот на Скопје, поранешниот објект ТЦЦ Плаза, каде не се гради повеќе од една година, и градежните активности продолжија – без дозвола за градба. Инвеститорот на овој објект, бизнисменот  Борис Стојменов продолжува да гради, против него Општина Центар има поднесено и кривична пријава, обвинителството чека вештачење, но булдожерите и работниците се веќе на терен.

Градењето на овој објект во центарот на Скопје беше прекинато уште лани во јули. Она што е изградено како основа требаше да се урне уште лани во февруари, а во агвуст 2020 година Општина Центар почна да бара фирма тоа да го направи. Инвеститорот „БС Консалтинг“ има решение за отстранување на дивоградбата. Во август лани Општина Центар на прашање на МКД.мк одговори дека „во наредниот период ќе распише јавна набавка за избор на соодветна фирма за уривање, која ќе постапува не само во однос на таа дивоградба, туку и по други решенија за отстранување на други дивоградби“.

Пред неколку дена изградбата непречено продолжи. И повторно на диво, без дозвола. По поднесената кривична пријава од Општина Центар против Борис Стојменов, од Основното јавно обвинителство велат овој предмет е во предистражна постапка и се чека извештајот од вештачењето.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе