Спречен е потенцијален пожар под скопското Кале, фатена група која палела кабли (ФОТО)

Комуналнитередари под скопското Кале фатиле група на луѓе кои што палеле кабли, објавија од Инспекторатот на Град Скопје.

Противпожарната бригада на Град Скопје на својата официјална Фејсбук страна изрази благодарност до Инспекторатот на Град Скопје.

„Браво за Инспекторатот на Град Скопје, ова се потенцијали за настанување на пожар и загадување на нашиот град“, пишува на Фејбук страната.

Во околината на Скопје палењето на кабли е честа пракса - каблите се палат за потоа да бидат продадени за старо железо. Сепак, и покрај зајакнати контроли, сторителите ретко се фаќаат и казнуваат, иако со своето крајно несовесно однесување го загадуваат воздухот, а можат да предизвикаат и пожар.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе