Советници на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов делел субвенции за инвертер клими по партиски клуч и уништувал документи

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје има основани сомневања дека Шилегов делел субвенции за инвертер клими по партиски клуч. Од увидот кој го направи советничката група во документацијата на делени субвенции, но и од дојави од граѓани делени биле субвенции на жители во строгиот центар на градот на улица Македонија, Народен фронт, Никола Кљусев и околните улици, иако тоа се улици и региони каде жителите користат парно греење, а не греење на дрва, а запоставени се жители од Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче и други делови на Скопје, каде жителите користат греење на дрва, се вели во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Проектот требаше да се искористи за да се намали бројот на домаќинства кои се греат на дрва, а не да се субвенционираат партиски лица на СДСМ. Субвенции за инвертер клими се делени и врз база на некомплетна документација. Го прашуваме Шилегов зошто на одредени граѓани им се барани потврди од БЕГ, а на други изјави на нотар дека не се приклучени на мрежата на БЕГ? Кој се дрзнал да го заобиколув законот?

Имаме сомневање дека не е постапено и согласно Законот за заштита на лични податоци и зошто досега на ниту еден апликант не му е побарана да даде изјава за согласност за обработка на лични податоци? Дополнително во бараките на Град Скопје советниците затекнале и целосна неуреденост и расфрлани документи. Целата постапка се води непрофесионално, и тенденциозно. Институциите да реагираат“, бараат советниците на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе