Советничка група на ВМРО ДПМНЕ: Пријава за Шилегов до Државен завод за ревизија, Финансиска полиција и Антикорупциска

За Шилегов донацијата од 100 илјади евра за неколкучасовниот настап на Дино Мерлин е анонимна, анонимна е и донацијата за најскапиот тревник кој скопјани ги чини 530 илјади евра, анонимни се и спонзорите кои го градат стационарот за кучиња Лајка, единствено не се анонимни ароганцијата, навредите и неспособноста на Петре Шилегов, обвинува советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„И покрај постојано упатени прашања до Петре Шилегов кои се спонзорите на 100.000 евра за Дино Мерлин, кои се спонзорите кои го градат стационарот Лајка, кои се спонзорите на тревен бус на плоштад, се уште не добиваме никаков одговор, освен дека се анонимни. Превезот на анонимност на Шилегов отвора сомнеж за перење на пари и финансиска злоупотреба”, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

Поради сомневање за начинот на прибирање и трошење на пари од анонимни спонзори Советничката група на ВМРО ДПМНЕ поднела пријава до Државен завод за ревизија, Финансиска полиција и Државната комисија за спречување на корупција.

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе