По тешката сообраќајка

Состојбата на тешко повредениот хирург Јота е стабилна, малолетникот кој го прегази ќе одговара според Законот за права на детето

Состојбата на колегата Ѓорѓи Јота кој беше силно удрен од автомобил е стабилна во моментов. Попладнево бев на увид и поразговарав со докторите кои будно ја следат неговата состојба. Верувам дека ќе се избори и ќе закрепне иако повредата е многу сериозна, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Хирургот Јота има тешка повреда на главата од завчерашниот удар од возило што го управувал малолетник пред Клиничкиот центар во Скопје.

„Има нагмечување на мозокот и на белите дробови, поставен е на респираторна машина и сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување“, изјави Филипче.

МВР вчера соопшти дека во четвртокот околу 20,30 часот на крстосница од булеварот „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски-Марко“ пешакот Ѓ.Ј. (58) од Скопје се здобил со тешки повреди откако во него удрило патничко возило „БМВ ХБ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Сингелиќ. Малолетникот го прегазил докторот и избегал, но набргу кај трговскиот центар Рамстор бил запрен и фатен. Не се знае точно со колкава брзина возел и тоа допрва ќе се вештачи.

Шестнаесетгодишното момче било приведено во полиција. За ова дело, според Кривичниот законик предвидена за затвроска казна од една до пет години. Во случајот се работи за малолетник, па според законот тој може да добие и воспитно-поправна мерка и надзор од Центар за социјална работа, место малолетнички затвор. Него ќе му се суди според Законот за право на детето бидејќи тој нема наполнето 18 години.

МВР ги чека анализите на крвта на малолетникот за да се знае дали бил под дејство на алкохол или дрога.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе