Соопштение на Арсовска, градоначалничката во војна и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ

Дали Христијан Мицкоски со неговиот директор на штаб Орце Тодоровски, инаку притворен и првообвинет во случајот „Делчевски ниви“, договараа набавка на 150 автобуси од Унгарија, прашува градоначалничката Данела Арсовска во денешното соопштение поврзано со блокадите на приватните превозници. 

Во соопштението од кабинетот на градоначалничката се вели дека јавниот градски превоз го организираат органите на локалната самоуправа, а не приватни бизнисмени, политички партии или други интересни групи. 

„Организацијата на јавниот градски превоз е обврска на градот Скопје и ЈСП Скопје.
Основна заложба на ова градско раководство е оптимизација на непродуктивните трошоци и пренасочување на тие средства кон проекти од корист за граѓаните. Оттука, градот Скопје и ЈСП во последните шест месеци успеа да оспособи 130 автобуси од флотата на ЈСП со што бројката на градски автобуси се зголеми од 140 активни во овој период минатата година, на 270. На овој начин, граѓаните на градот Скопје добиваат подобра, поефтина, сигурна и стандардизирана услуга.
Што се однесува до јавниот повик, истиот ќе биде објавен утре, а се однесува на линиите од кој градот Скопје има потреба - тоа се линиите со бр. 20 и бр. 22. Единствена разлика е во тоа што ниту „Слобода превоз“ ниту „Макекспрес“ нема да можат да конкурираат една година од денот на раскинување на договорот поради прекршување на одредбите од договорот од нивна страна.
Ги повикуваме сите приватни превозници да аплицираат на објавениот јавен повик, индивидуално или преку претставник на група на приватни превозници.
Што се однесува на патетиката на ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме да одговорат на следните прашања:
Дали Христијан Мицкоски и неговиот актуелен шеф на штаб, Ивица Томовски, преку негови фирми е единствен подобен за одржувањето и чистењето во општините, училиштата и претпријатијата каде ВМРО-ДПМНЕ е власт?
Дали Христијан Мицкоски заедно со Ковачевски имал тајна средба во еден скопски локал?
Дали е точно дека Христијан Мицкоски, Александар Николоски, заедно со Зоран Заев и Венко Филипче пред два месеци имале заеднички ручек во ресторан во Малешевијата каде се зборувало за уставните измени?
Дали е точно дека за Христијан Мицкоски има истрага во ОЈО ГОКК за криминал со хидроцентрали кој се држи во фиока?
Дали е точно дека брат на член на обезбедувањето на Христијан Мицкоски, сопственик на фирмата „Моби Саунд“ е единствен организатор на манифестации во општините каде власт е ВМРО-ДПМНЕ?
Дали е точно дека Игор Јанушев, другар на Христијан Мицкоски и актуелен пратеник, како директор на ЈСП склучил штетен, речиси криминален договор со фирмата „Маратон“ за рекламирање на автобусите на ЈСП, и дали е точно дека од овој бизнис се делат и провизии?
Што се однесува на вицепремиерот во владата на СДСМ Фатмир Битиќи, пред да зборува за некаква неподготвеност на Градот, прво да одговори на следните прашања:
До каде е автопатот кон Охрид?
До каде е автопатот кон границата со Бугарија?
До каде е Клиничкиот центар?
До каде се инвестициите од Гугл и Фејсбук?
До каде е инфлацијата“, прашува Арсовска.

 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе