Со секој километар поминат на велосипед до награда од Челенџер

Нова функционалност на македонската мобилна апликација Челенџер (Challenger) – награди за корисниците кои активно возат велосипед.

Со Челенџер секој поминат зелен километар носи поени, кои потоа корисниците ги заменуваат за попусти во локални бизниси. Исто така, со исполнување на зададени предизвици се добиваат и директни награди. Колку повеќе километри поминати пешки или пак на велосипед, толку повеќе Челенџер поени кои носат попусти и награди.

Се што треба да направи корисникот е да ја интегрира Челенџер со познатата апликација Страва (STRAVA) за награди за километрите поминати на велосипед. При секое возење на велосипедот потребно е корисникот да ја вклучи Страва за да почне истата да ги мери километрите.

Веќе има 6.000 корисници и 40+ бизниси кои меѓусебно се поддржуваат, инспирираат и натпреваруваат со цел да станат општествено одговорни.

„Нашата цел се исполнува преку две димензии - го поттикнуваме приватниот сектор да ја вметне зелената агенда во нивниот бизнис модел и градиме заедница на т.н. челенџери кои живеат одржливо", изјавуаат од тимот.

Оваа апликација во изминатиот период доби многу признанија, а воедно е партнер на тековната кампања IT4Charity

Мобилната апликација е бесплатна и достапна за сите корисници на Android и iOS.

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе