Најавени се и други проекти на ова место

Со инвестиција вредна над 600.000 денари општина Аеродром уреди спортско игралиште во Долно Лисиче

Општина Аеродром во соработка со УСАИД и општествено одговорна компанија со инвестиција вредна над 600.000 денари го уреди и реконструираше спортското игралиште во Долно Лисиче. На реконструираното спортско игралиште присуствуваа ученици од основните училишта „Гоце Делчев", „Блаже Конески" и „Ѓорѓија Пулевски", како и ѕвездите на кошаркарскиот клуб МЗТ – Аеродром, Бре Ајви, Дамјан Стојановски и Хуан Дејвис, кои учествуваа во повеќе активности.

Дел од нив играа кошарка на реновираното игралиште, а други садеа дрвја во паркот и возеа велосипеди. На овој начин, учениците придонесоа за заштита на животната средина и ја подигнаа свеста за потребата од поголема физичка активност.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорката на Канцеларијата за развој на УСАИД, Дон Кармин, вчера во рамките на заедничкиот проект официјално го пуштија во употреба новото реконструирано спортско игралиште во Долно Лисиче.

Општина Аеродром соопшти дека реконструкцијата и проширувањето на кошаркарското игралиште во Долно Лисиче опфати поставување нов асфалт, нови кошаркарски конструкции, пластифицирани табли, нови кошеви и обрачи, како и клупи и канти, со што тоа доби целосно нов лик и подобри услови за спорт и рекреација. Од таму додадоа дека со новото реновирано игралиште во Долно Лисиче младите од овој дел на Аеродром добија соодветно и модерно место за спортување, а од општината најавуваат дека се планирани уште многу проекти за Долно Лисиче.

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе