Шуто Оризари

Сместување и финансиска помош за семејството чии деца изгорeа во пожарот

Парична помош за семејството чии деца и домови изгора во пожарот во Шутка ќе доделат МТСП, но и првите луѓе на општината Шуто Оризари. 

По веста за трагичната смрт на двете малолетни деца во Шуто Оризари, министерката Рашела Мизрахи во рамките на нејзините надлежности испрати стручни лица на терен со цел навремено згрижување на семејствата.

„Екипа на ЦРС Скопје направи увид на лице место. Според надлежностите на МТСП, понудено им е сместување во рамките на објектите за поддржано живеење во Визбегово, а веќе едно од семејствата кое прифатило, ќе биде сместено веднаш“, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Исто така, МТСП информираат дека ќе обезбедат еднократна парична помош за семејствата, како и рефундирање на средствата за погребални услуги, за семејството на починатите.

Министерството за труд и социјална политика уште еднаш изразува длабоко жалење за немилиот настан кој вчера ја потресе земјава. 

Вчеравечер се одржа и вонредна седница на Советот на Општина Шуто Оризари на која беше донесена одлука за доделување на еднократна парична помош, на три семејства чии што куќи се целосно уништени, во висина од 30. 000 денари и за едно семејство, еднократна парична помош во висина од 60.000 денари. Исто така, за време на седницата советниците одлучиле да ги донираат јануарските паушали за покривање на потребите на опожарените семејствата.

Градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш изјави дека својата јануарска плата ќе ја донира на загрозените семејствата од пожарот, а општинската администрација предложи да одвои исто така дел од својата плата.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе