МЕД

Следува поставување на метална конструкција и безбедносен шатор за ископ на линданот во ОХИС

Најголемиот дел од подготвителната фаза за ремедијацијата на локациите контаминирани со линдан на малата депонија во ОХИС се реализирани. Следува поставување на надземната метална конструкција и шаторот.

Досега е подготвен и расчистен терено, обучен е персоналот кој ќе работи на теренот, обезбедени се механичката опрема и машините, спроведени се оперативни процедури на самата локација и надвор од локацијата, извршена е анализа на почвата околу малата депонија и сепарација и пакување на ископаната почва од рововите.

Активностите поврзани со ископот и поставувањето на темелите се веќе завршени и за нивното спроведување беше потребен временски период од приближно 50 дена. За самите темели се ископани ровови во кои е поставена тампонирана подлога од чакал и метална арматура и истите беа залевани со бетон, постапка што во следниот период ќе обезбеди потребна цврстина и стабилност на надземната метална конструкција и шаторот. На северниот ров каде активностите граничат со големата депонија, спроведено е дополнително зацврстување на ѕидот на оваа депонија.

Со поставувањето на безбедносниот шатор кој овозможува работа во услови со негативен притисок, завршува подготвителната фаза. Условите и одржувањето на негативен притисок во шаторот нема да дозволат излез на ситните честички прашина од местото на ископ на контаминираниот материјал од депонијата, со што ќе се превенираат несакани емисии на контаминиран материјал во воздухот.

На поставувањето на шаторот во текот на февруари ќе претходи поставување на металната конструкција. Динамиката на овие активности ќе зависи од поволноста на временските услови.

Досега работата на изведувачот Полиеко од Грција освен од Државниот инспекторат за животна средина е следена и од супервизорската компанија TAUW.

Во оперативната фаза изведувачот Полиеко ќе спроведе обуки на персоналот за ископување и ракување со отпад од HCH, процес на ископување, пакување, складирање и реставрација на локацијата.

Завршна фаза на целиот процес е делот на транспортирање на отпадот до објекти за конечно отстранување од Македонија, преку соседна Грција до Франција и Холандија, каде ќе се спроведе дополнително согорување или ремедијација на отпадните материи и почва.

Во сите фази на процесот на чистење, независно од изведбата на вработените и ангажираните лица од страна на фирмата изведувач Полиеко, ќе се спроведува активно следење на состојбата на животната средина преку следење на квалитетот на изведбата, квалитетот на воздухот и следење на квалитетот на подземните води.

Сите податоци ќе бидат објавени во јавност по завршувањето на мерењата во текот на отстранувањето на линданот, а деталите околу истражувањата ќе бидат споделени и на јавни дебати. Македонското еколошко друштво (МЕД) подготвува и документарно видео за целиот процес на отстранувањето на линданот од малата депонија во ОХИС.

МЕД во рамките на повеќегодишниот проект „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на ремедијацијата на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и линдан во ОХИС, 100122", спроведува активности за подигнување на јавната свест за значењето и влијанието на линданот врз човековото здравје и состојбата на животната средина. Проектот е финансиски поддржан од Глобалниот еколошки фонд (GEF), имплементиран преку УНИДО (United Nations Industrial Development Organization) и се спроведува во координација со Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи (POPs) на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе