Скратено време на билетарниците на ЈСП

Од утре билетарниците и центрите за персонализација ќе имаат скратено работно време, а некои воопшто нема да работат.

Нема да работат билетарниците кај Транспортен центар (на излез), кај Пошта, а затворени во наредниов период ќе бидат и билетарниците во населбите Радишани, Карпош 4 и Железара.

Од 6 до 13 часот од понеделник до петок, односно од 7 до 13 часот во сабота, ќе работат билетарниците во Бутел (кај поранешното кино), Кисела Вода, Лисиче и билетарницата во населба Даме Груев.

Од 6 до 17 часот од понеделник до петок, односно од 7 до 17 часот во сабота, ќе работат билетарниците во ГТЦ, Аеродром, Ѓорче Петров, Ново Лисиче, Буњаковец, Зелен пазар, Бутел (кај пазарот), а истото работно време ќе важи и за билетарниците во Маџари, Драчево, кај дирекција на ЈСП Скопје, Сарај и Дом на печат.

Во недела, од 7 до 13 часот ќе работат билетарниците во Ѓорче Петров, кај Зелен пазар и таа на излез кај Транспортен центар.

Времено затворени ќе бидат и четири центри за персонализација, во Автокоманда (кај Шумарски факултет), во Аеродром, Влае и центарот за персонализација во просториите на ЈСП турс.

Центрите во Карпош 2, на Бит пазар и Транспортен центар ќе работат од понеделник до петок од 6 до 17 часот, односно од 7 до 17 часот во сабота. Во недела ќе бидат затворени.

Ве потсетуваме дека услугите на ЈСП Скопје можат да се купат и во над сто маркети и трафики дел од секундарната продажна мрежа https://www.facebook.com/jspskopjee/.

Посоченото работно време на билетарниците и центрите за персонализација ќе важи во наредниот период, а за евентуални промени, корисниците на јавниот превоз ќе бидат навремено информирани, соопшти ЈСП.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе