Скопските бадникари засадија 30 млади стебла даб по повод 30-годишниот јубилеј

По повод 30 години постоење, скопските бадникари денеска во месноста Говрлевска Краста засадија 30 млади стебла даб.

Фото: Илустрација

Иницијативата со активен придонес и учество е на почесниот член на Одборот и поранешен кум Љупче Николовски.

„На јужните падини на Водно во месноста Говрлевска Краста каде што со години собираат бадникови гранчиња што ги делат пред Соборниот Храм Свети Климент Охридски на 6-ти јануари во пресрет на Бадник и големиот Христијански празник Божик, со помош на луѓето од Општина Сопиште, стручни совети и помош од Коле Василевски од земјоделскиот факултет најпрвин е извршена опсежна подготовка на теренот кој е мошне каменит и специфичен и активниот ангажман на бадникарите од сите генерации 30 млади стебла даб беа посадени и полеани со првата капка вода“, се вели во соопштението од скопските бадникари.

Скопските бадникари слават 30 години постоење и активност во рамките на нивната заложба за зачувување и негување на традициите на нивното сакано Скопје.

Легенда под Главна слика

Фото: Илустрација

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе