Скопски саем демантира дека е банкротиран и бара трајно решение за саемски простор

Групацијата Скопски саем демантира написи во некои медиуми дека е банкротиран и оценува дека целта на таквите информации е да се оправда најавеното уривање на саемскиот простор и деловните објекти.

Во демантот наведува дека како бренд на Град Скопје постоел 67 години и ќе постои во иднина и дека ја става на располагање својата домашна и меѓународна деловна мрежа на сите институции, деловни субјекти и проекти со цел развој на економијата во земјава.

- Групација Скопски саем побара одржување на манифестациите во постоечките хали, но вештачките услови коишто беа поставени од новиот сопственик не дозволија нивно одржување. Групацијата Скопски саем е во активна комуникација со Владата на Република Македонија и Општина Гази Баба за изнаоѓање трајно решение Град Скопје и Република Македонија да не останат без саемски простор, соопшти Скопски саем.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе