Светски ден на водата

Скопската вода од Рашче и натаму на второ место во Европа според квалитетот

Водата од изворот Рашче е природна, квалитетна и по својот состав и минерологијата, не само што е на второ место во Европа, туку е и од витално значење за здравјето на граѓаните и нивниот квалитет на живот. Високо-стручен тим во Секторот за санитарна контрола, го гарантира квалитетот и исправноста на водата за пиење од изворот Рашче, велат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје и нагласуваат дека за претпријатието секој ден е светски ден на водата.

Оваа година Светскиот Ден на водата е посветен на поткревање на свеста за глобалната светска криза за вода, значењето на водата за човештвото и како можеме да ја заштитиме и во таа насока ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје повеќе од 100 години ги вложува своите капацитети и ресурси и овозможува услови за водоснабдување на градот Скопје со питка и квалитетна вода од изворот Рашче, велат од претпријатието по повод Светскиот ден на  водата.

Денес над 1200 вработени во ЈП Водовод и канализација – Скопје, предводени од тим на професионалци во својата област, се грижат за одржувањето на изворот Рашче, неговата заштита, проверката и потврдата на квалитетот на водата, приемот на водата во системот, нејзината безбедна дистрибуција до крајните корисници како и за третманот на отпадните води.

„Имајќи го предвид фактот дека водата е извор на животот, а ние имаме и користиме вода од природен извор, што е навистина реткост во Европа и светот, вложувањата на ЈП Водовод и канализација – Скопје се во насока на унапредување на работните процеси, стандардизацијата, модернизацијата и заштитата на водата и на животната средина во чекор со најновите европски и светски директиви кои обезбедуваат одржлив развој, сигурност, безбедност и можности за задоволување на потребите на корисниците и градот Скопје. Во насока на непречен развој на градот во иднина направени се и се прават истражувања за потенцијалните извори на водоснабдување што претставува голем чекор напред во однос на заштитата на изворот Рашче како и обезбедување на неговата одржливот", вели Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, додавајќи дека за претпријатието секој ден е Светски ден на водата.

„Квалтитетот на водата се потврдува преку испитувањата кои секојдневно се изведуваат во хемиската и микробилошката лабораторија кои се единствени акредитирани и сертифицирани лаборатории за изведување на таков тип на испитувања во нашата држава и чии резултати и постигнувања се потврдени од институции на европско и светско ниво", вели Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе