Скопје зафатено од силен дожд и град

Попладнево Скопје го зафати силен дожд и град со големина на орев кој паѓаше десетина минути и почна да ги обелува улиците во неколку населби и делови од градот. Во други, пак, невремето е со послаб интензитет.

УХМР веќе најави дека под влијание на циклонска активност времето од утре ќе биде променливо облачно, нестабилно и посвежо со повремени врнежи и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, особено утре и задутре, кога се очекува обилен пороен дожд (над 30 литри на метар квадратен), силен ветер, електрични празнења и изолирана појава на град. Се очекува и намалување на темепратурите до 28 степени.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе