Скопје за седум месеци ќе добие нови 33 еколошки автобуси, најави градоначалникот Шилегов

Скопје ќе добие нови 33 еколошки автобуси со погон на гас од кои 21 се нископодни, а 12 зглобни, исто така нископодни, информираше денеска на прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

„Мојата заложба, заложбата на Град Скопје е креирање јавен транспорт кој ќе биде и економски ефикасен и кој нема да ја загадува животната средина. Денеска го потпишуваме договорот со еден од најреномираните светски производители на автобуси ‘МАН‘ за набавка на новите автобуси кои ќе бидат во Скопје најдоцна за седум месеци од денот на потпишувањето на овој договор“, рече Шилегов.

Набавивени се 21 нископоден автобус со поединечен капацитет од 85 патници и 12 зглобни нископодни автобуси со капацитет од 149 патници. Новите автобуси се енергетски ефикасни. Споредено со потрошувачката на старите дизел автобуси овие автобуси трошат речиси двојно помалку гориво што, според Шилегов, дополнително ќе ги намали трошоците на работењето на ЈСП „Скопје“.

„Еден еко автобус заштедува до 25.000 евра годишно само за гориво. Најголемата предност е што емитуваат значително помалку  СО2 или речиси воопшто не го загадуваат воздухот“, рече Шилегов.

Тој потсети дека пред седум години Град Скопје набави 202 двокатни кинески автобуси на дизел кои, како што рече, чинеа многу, а се со лош квалитет. Автобусите секојдневно се расипуваат, а ЈСП „Скопје“ има проблем со кинеските автобуси заради непостоење овластен застапник и нема можност за нивно сервисирање и техничка поддршка.

Шилегов најави дека новите автобуси се квалитетни, со двојно поголем капацитет и најважно е што не загадуваат. Минатата година низ Скопје пробно сообраќаа неколку еко автобуси од различни производители, имаше три автобуси на гас и еден електричен. Шилегов додаде дека целта била да се стекнат искуства и најдобро да оцени кој тип на автобус е најсоодветен за сообраќајот во главниот град.

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе