Скопје сити мол со подарок парк и игралиште за жителите на Карпош и Скопје

Во дворот на Скопје сити мол отворена е новиот парк, подарок од трговскиот центар за општина Карпош. Паркот се протега на повеќе од 850 метри квадрати и е хортикултурно уреден со висококвалитетни садници, цвеќиња, зеленило, како и урбана опрема. Во рамки на паркот уредена е и летна тераса на која може да се организираат помали настани. На настанот присуствуваше градоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски, посетители и гости.

Ова ново катче наменето за најмладата генерација е донација на Скопје сити мол, која како општествено одговорна компанија е секогаш насочена кон поддршка и задоволување на општествените потреби, посебно во Општина Карпош со која се негува долгогодишна соработка.

Главна атракција во рекреативниот парк наменета за младите посетители е игралиштето изградено според светските трендови со специјално дизајнирана кула за качување која нуди широк спектар на особено возбудливи активности. Кулата е висока околу 8,5 метри е изградена според најдобрите европски стандарди од сложени форми поставени во облик на структура на ДНК. Челичната конструкцијата за качување може да се искачи преку тродимензионална мрежа направена од јажиња во внатрешноста на кулата, кои истовремено обезбедуваат авантура и учење за совладување на пречки за децата, но обезбедуваат и безбедност за корисниците. Покрај оваа кула има и други реквизити како твистер патека, пикадили вртелешка, љуљашка, лизгалка, еди спинер и други.

За нашите соседи, жителите на Карпош, за жителите на Скопје и за нашите посетители создадовме ново катче за дружење и забава. Во годината кога го славиме нашиот десетти роденден, ова е наш подарок за позелена околина и нови атрактивни содржини за заедницата во која живееме и работиме“, изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје сити мол.

Целосното уредување на паркот е инвестиција и е целосно донација на Скопје сити мол за жителите на Карпош и Скопје, но и за сите посетители на трговскиот центар. Новоуредениот простор е во целосна сопственост и владение на општина Карпош. Скопје сити мол ќе се грижи и за тековното одржување на паркот и детското игралиште. Користењето на паркот и детското игралиште се бесплатни.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе