Со уште 11 други европски градови

Скопје се приклучува во одбележувањето на Европскиот ден на музиката

Скопје годинава ќе биде еден од дванаесетте градови што ќе го одбележат Европскиот ден на музиката (European music day), при што ќе бидат емитувани онлајн концерти и настапи од голем број светски изведувачи.

Како што соопшти Град Скопје, главен организатор на 21-то издание на „Европски ден на музиката“ е Атина, која во оваа манифестација ќе учествува заедно со 26 други грчки општини, каде ќе бидат емитувани концерти во живо или специјално снимени за оваа манифестација. Со свои концерти во оваа манифестација годинава се вклучуваат и градовите Скопје, Берлин, Будимпешта, Букурешт, Краков, Истанбул, Манчестер, Милано, Љубљана, Лисабон и Прага.

Настанот ќе се одржи в недела, ќе биде 10-часовен музички маратон кој ќе биде пренесуван преку Интернет (live-stream) и ќе претставува вистинско музичко патување низ Европа. Сите музички настани ќе бидат емитувани низ светот преку дигиталните канали и профили на организаторот (Асоцијацијата Европскиот ден на музиката – European Music Day Association).

Град Скопје и МКЦ го поддржуваат овој меѓународен музички фестивал, а наш претставник ќе биде составот „Фолтин“.

„Ова е уште една голема меѓународна културна манифестација во која Град Скопје зема учество, што претставува уште еден доказ за нашите заложби Скопје да прерасне во европски модерен град, каде што вистинските културни вредности ќе бидат на највисоко ниво. За потсетување, Град Скопје поднесе кандидатура за титулата на Европската комисија ‘Европска престолнина на културата’ во 2028 година“, информираат од Град Скопје.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе