Скопје доби нов кружен тек

Денеска  официјално беше отворен за сообраќај новоизградениот кружен тек на булеварот Партизански одреди кај Порта Влае, како и проширувањето на булеварот Партизански одреди до автобазата на ЈСП во Ѓорче Петров.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Владата Никола Груевски, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и градоначалниците на општините Ѓорче Петров и Карпош, Сокол Митровски и Стевчо Јакимовски, денеска  и официјално го отворија за сообраќај новоизградениот кружен тек на булеварот Партизански одреди кај Порта Влае, како и проширувањето на булеварот Партизански одреди до автобазата на ЈСП во Ѓорче Петров.

Новото сообраќајно решение придонесе да се зголеми безбедноста во одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот, да се олесни движењето кон излезот на Скопје и да се уреди просторот.

„Во текот на градежните работи, на крстосницата меѓу булеварот Партизански одреди и улиците Ацо Шопов и Ѓорче Петров е формиран најголемиот кружен тек во Скопје, со дијаметар од 40 метри, односно коловоз со ширина од 9 метри, заштитна патека од 1,5 метри и средишно зеленило. Кружниот тек се состои од две сообраќајни ленти. По кружниот тек, гледано во насока кон Ѓорче Петров, булеварот Партизански одреди е проширен до влезот во автобазата на ЈСП. Со проширувањето, булеварот доби по три коловозни ленти во секоја насока, средишна жардиниера со ширина од 5 метри, а формирани се и велосипедска патека со ширина од 2 метра и пешачка патека со ширина од 3 метри, покриени со бекатон-плочки. Како дел од градежните работи за проширување на булеварот Партизански одреди и изградба на кружен тек извршена е реконструкција на 100 метри од улицата Ѓорче Петров и на 162 метри од улицата Ацо Шопов, на деловите што влегуваат во кружниот тек. На дел од улицата Ацо Шопов, каде што се вкрстува со булеварот Партизански одреди е изграден потпорен ѕид со должина од 58 метри и висина од 6,3 метри. За одведување на атмосферските води од новиот кружен тек на булеварот Партизански одреди е изградена атмосферска канализација. Според проектот, поставени се цевки со профил од 300, 400 и 600 милиметри, на вкупна должина од 472 метри. За градежните работи за проширување на булеварот Партизански одреди до автобазата на ЈСП во Ѓорче Петров и за изградба на кружен тек кај Порта Влае Градот Скопје потроши 50,5 милиони денари. На терен работеа екипите  на „Бауер БГ“. Новото сообраќајно решение кај Порта Влае го осветлуваат 13 столба за улично осветлување, со 32 светилки. За поставување на осветлувањето беа задолжени екипите на „Елтра“, а Градот Скопје за овој дел од проектот вложи 885.799 денари. Кај новоизградениот кружен тек на булеварот Партизански одреди е уредено зеленило на вкупна површина од 4.604 квадратни метри. Поставена е хидрантска мрежа во должина од 700 метри, 18 хидранти, 24 шахти, 3 главни шахти за системот капка по капка и 38 прскалки. Засадени се 4.000 парчиња сезонско цвеќе од видовите Petunia, Allysium и Cinia. За уредување на зелените површини на кружниот тек кај Порта Влае се вложени околу 2 милиона денари.

Со тоа, вкупната вредност на проектот за изградба на кружен тек кај Порта Влае и проширувањето на булеварот Партизански одреди до базата на ЈСП во Ѓорче Петров изнесува 53,4 милиони денари. Во Градот Скопје во тек се подготовките на вториот дел од овој проект, со што булеварот Партизански одреди ќе се прошири до кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“, во Ѓорче Петров“, изјави денеска градоначалникот Коце Трајановски.

Трајановски додаде дека Градот Скопје, како и во изминатите пет години, и деновиве работи на голем број значајни инфраструктурни проекти – проширувањето на третата делница од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во Карпош е пред самиот крај, интензивно се работи и на проширувањето на улицата Јордан Мијалков, се градат 4 плоштади, фекален колектор и натпатник за населеното место Инџиково и многу други проекти што ќе бидат од корист на граѓаните.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе