Спас за Водно

Скопјани сакаат да бидат вклучени во одлучувањето за гасоводот на Водно

Бараме итно вклучување на граѓанската иницијатива „Спас за Водно" во работната група формирана за изнаоѓање на заедничко прифатливо решение за изградбата на магистралниот гасовод Делница 5 Скопје-Тетово-Гостивар, како и непречен пристап до целокупната документација за истиот, бараат граѓанскаата иницијатива „Спас за Водно" заедно со уште 9 граѓански иницијативи од Скопје.

Во писмото до Владата, до Министерството за транспорт и врски и до градот Скопје овие граѓански иницијативи велат дека се загрижени од континуираното уништување и деградирање на Парк-шума Водно. Тие бараат и отстранување на градежната механизација наменета за изведба на гасоводната мрежа од Парк-шума Водно, утврдување на границите на Парк-шума Водно и нивно јасно обележување на терен и неодложно усогласување на статусот на заштита на Парк-шума Водно со тековниот Закон за заштита на природата.

Во писмото се вели дека изминативе години Водно е нападнато со засилена урбанизација како од насока на градот, така и со неколкуте непотребни градежни проекти каков што е патот за Сончев град и телекомуникациската кула.

„Сведоци сме на континуирана злоупотреба на заштитената зона и непочитување на дефинираните граници на Парк-шума Водно, а гасоводот како проект низ сртот на Водно само ја прели чашата бидејќи претставува уште еден сериозен удар врз опстанокот на Парк-шумата Водно како оаза на зеленило и чист воздух.

Со сите овие проекти се зголемува потребата од дополнителна патна и пристапна инфраструктура, како и протокот на сообраќај, што негативно се одразува на целиот жив свет.

Изградбата на трасата на магистралниот гасовод  Делница 5 преку сртот на Водно, за нас граѓаните, е неприфатливо решение бидејќи со градежните зафати трајно ќе се уништи голема површина на која има шума, ќе се измени ликот на планината и сериозно ќе се загрози био хабитатот на живиот свет на Водно. За нас е неприфатливо објаснувањето од инвеститорот дека одлуката за минувањето на трасата по сртот на Водно е само затоа што таа опција е најефтино решение, што автоматски значи дека не и најсоодветно!

Затоа, транспарентноста и вклучувањето на граѓанскиот сектор при креирањето на политики и носењето одлуки и дејствија поврзани со Парк-шума Водно е од клучна важност, со што бараме наше итно вклучување преку учество или присуство во работната група за Делница5 од гасоводот, формирана по донесената одлука на 61. владина седница.

Водно е еден конкретен пример каде што од оваа Влада се бара да премине од ЗБОР  на ДЕЛО во однос на транспарентноста и вклучувањето на граѓаните во одлуки кои ги засегаат“.

Потписници на ова писмо се граѓанските иницијативи „Спас за Водно", „O2 Коалиција", „Стоп на загадувањето", „Ние сме Карпош 4", „Воздух сега!", „Спас за Кисела Вода", „Скопје смог аларм", „Скопје бара чист воздух", „Граѓанска група Карпош 3" и „Зелено Тафталиџе".

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе