„ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018. Секторот за санитарна контрола во периодот од 22.08.2022 до 26.08.2022 зема 203 примероци за физичко-хемиска и 203 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.
Скопјани пијат квалитетна вода, уверува ЈП Водовод и канализација

Скопје
Објавено на
29 Август 2022 - 10:13