ЈП Водовод и канализација - Скопје

Скопјани не се на одмор, се полеваат тревници, се полнат базени... вода за пиење сѐ помалку

Високите дневни температури, епидемијата од коронавирусот која на сите им ги расипа плановите за летните одмори, ја зголеми потрошувачката на вода во цело Скопје. И натаму во главниот град освен за секојдневние потреби, водата за пиење најмногу се користи како техничка вода - за полевање, за полнење базени, за разладување... Освен изворот Рашче за нормално снабдување на граѓаните на Скопје со вода вклучени се и бунарите.

„Сето тоа резултира со намалување на притисокот или целосен прекин на водоснабдувањето, што најмногу се појавува во високите зони на град Скопје. Ова е проблем кој не е од техничка природа, туку се должи на нерационално зголемена потрошувачка на вода“, велат од ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.  

Сушните периоди, климатските промени и високите температури го намалува капацитетот на природните извори. Изворот Рашче, може да ги задоволи основните потребите на сите граѓани на Скопје и секогаш кога е потребно се активираат и бунарите за надополнување на недостатокот на вода во одредени периоди. Но, предупредуваат од јавното претпријатие, последиците од нерационаланата употреба на водата за пиење, како замена за техничка вода за полевање, наводнување на големи површини, ниви, бавчи, полнење на базени, перење на автомобили... може да предизвика и посериозен прекин на снабдувањето со вода.

Претставници на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје досега имале неколку консултативни средби и со ЈП „Паркови и зеленило“ за решавање на прашањата за наводнување на градските зелени површини.

„На терен се забележуваат разни злоупотреби меѓу кои и диви приклучоци. ЈП „Водовод и канализација“ интервенира секаде каде што има сознанија за злоупотреба, а и од нашите корисници очекуваме да пријават секаков облик на злоупотреба, со цел да нема проблеми и да се овозможи редовно водоснабдување за сите корисници“, велат од јавното претпријатие и додаваат дека доколку се продолжи со нерационална употреба на водата и злоупотреба на водоснабдителниот систем, граѓаните може да се соочат со недостаток на вода за пиење.

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе