Скопјани му оддадоа почит на Балашевиќ пред Универзалната сала

Неколку стотици граѓани се собраа вечерва на платото пред Универзалната сала во Скопје за му оддаваат почит на пејачот и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина вчера во Нови Сад на 67-годишна возраст.

На настанот насловен „Скопје за Балашевиќ“ на голем видео бим се редаа фотографии на Балашевиќ, додека во исто време во позадина се слушаа неговите најголеми хитови.

Присутните обожаватели на „панонскиот морнар“ од сите генерации оставаа цвеќе, играчки и палеа свеќи, споделувајќи спомени за Балашевиќ.

Организатор на настанот е Град Скопје.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов својот профил на Фејсбук вчера објави дека на последната средба со Балашевиќ договарале тој да настапи при повторното отворање на Универзалната сала.

„Денес губам дел од својата душа. Денес губам дел од себе. Нашата задња слика друже. На твоето последно доаѓање во Скопје. А договаравме да ја отвориш Универзална…“, напиша Шилегов во објавата.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе