На изворот Рашче

Скопјани ја пијат најквалитетната вода во Европа

Жителите на Скопје пијат чиста и здрава вода и таа е една од трите најдобри во Европа. Вода има доволно и невозможно да биде загадена. Ова денеска го истакнаа скопскиот градоначалник Петре Шилегов, директорот на ЈП „Водовод и канализација", Душко Весковски и Зоран Божиновски директор на Центарот за санитарна контрола при ова јавно претпријатие на одбележувањето на 22 март – Светскиот ден на водата.

Директорот на Центарот за санитарна контрола, Зоран Божиновски тврди дека водата која се пие во Скопје е една од најквалитените во светот и втора по квалитет во Европа. Ова според него се должи на геолошкиот состав на теренот низ кој водата поминува додека дојде до изворот Рашче.

„Водата која се дистрибуира низ мрежата на ЈП „Водовод и канализација" е хидрогеолошки феномен, кој е единствен во Европа. Водата е идеално балансирана, никогаш незаматена и со константна температура. Планината Жеден е природен филтер на ресурсов. Сета вода од Шара и околните зони се филтрира низ овој масив“, изјави Божиновски.

И градоначалникот Шилегов истакна дека водата која ја пијат скопјани е една најквалитетните во Европа

„Скопската вода, е една од трите најдобри води во Европа. Малку луѓе знаат дека водата која ја пијат граѓаните на Скопје е стара 30 години. Толку е потребно да низ природните филтри водата од Шар Планина, по подземните патишта преку Полог и Жеден дојде до изворот Рашче и на тој начин се прочистува. Скопје и Виена се единствените градови во Европа кои го имаат овој геолошки феномен кој овозможува постојано снадбување со здрава и квалитетна вода за пиеење“, изјави Шилигев.

ЈП „Водовод и канализација“ го гарантира квалитетот на водата за пиење на граѓаните на град Скопје и го имаме еден од најдобрите извори во Европа, а тоа е изворот Рашче 1 и  Рашче 2“, изјави директорот Весковски по посетата на каптажите Рашче 1 и Рашче 2.

Весковски соопшти дека уште 8 проценти од цевките на водоводната мрежа се азбестни и се работи на нивно заменување.

Инаку, според обемни испитувања за утврдување на потеклото на водата во изворот Рашче, утврдено е дека 70% од водата потекнува од Шар планина, 20% од Жеден и 10% од реката Вардар.


 



Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе