Два месеци пред почетокот на грејната сезона (1)

Скопјани горат едно Водно за една грејна сезона

Преку 317 илјади тони огревно дрво се трошат во Скопје за една грејна сезона. Тоа значи дека за загревање на Скопје за само една грејна сезона се сечат дрвја кои опфаќаат површина колку цело Водно. Греењето на дрва е најголемиот загадувач на воздухот во Скопската котлина.

Во јануари 2017 година, УНДП во соработка со град Скопје и со Министерството за животна средина и просторно планирање спроведе теренско истражување за начините на греење на домаќинствата, на репрезентативен примерок од 5.044 домаќинства од целиот скопски регион (сите 17 општини).

Греењето е најголемиот загадувач на воздухот во Скопската котлина, и тоа загревањето на домаќинствата во најголем дел. Ваквите наоди се потврдуваат и во студијата изработена од страна на Финскиот метеоролошки институт во рамките на твининг проектот со Министерството за животна средина каде е пресметано дека дури 90% од вкупните емисии на ПM честичките доаѓаат од загревањето (огревно дрво) на домаќинствата.

Истражувањето на УНДП покажа дека загревањето на домаќинствата на дрва, а не на автомобилите, најмногу влијае на локалното загадување.

Се проценува дека во Скопската котлина има 133.633 домаќинства, од кои 73.220 (речиси 45 отсто) се греат на дрво, околу 51.000 (31 отсто) на струја, а околу 35.000 или 21 отсто се приклучени на централно греење. Само околу 2.500 домаќинства, или 1,5 отсто во моментот се загревале со печки на пелети.

Според податоците од анкетата едно семејство во Скопската котлина во текот на една грејна сезона троши 8,38 м3 огревно дрво. Ова семејството во атмосферата емитира околу 41 килограм ПМ 2,5 честички, односно 42,5 килограми ПМ 10 честички во текот на грејната сезона.

Споредбата со емисиите од едно возило (дизел ЕУРО 3 стандард, 0,05 гр/км ПМ) кое дневно поминува 20 километри покажува дека ова возило во една грејна сезона поминува 3.600 километри, и според тоа емитува 0,18 килограми ПМ честички.

Или едно семејство кое користи огревно дрво во атмосферата испушта онолку ПМ честички колку што ќе испуштат 230 автомобили кои се возат секој ден и дневно поминуваат по 20 километри.

Доколку ова семејство реши да се префрли на печка на пелети за загревање на истата површина ќе емитува околу 1,6 кг ПM 10, што е иста количина со 10 автомобили кои дневно поминуваат по 20 км.

Доколку семејството реши да го промени возилото со ново со ЕУРО 5 или ЕУРО 6 стандард (0,005 гр/км) тогаш тие во текот на грејната сезона ќе емитираат 0,018 кг ПМ честички.

Студиите изработени во минативе две години покажуваат дека дури 90% од вкупните емисии на ПM честичките доаѓаат од загревањето (огревно дрво) на домаќинствата.

Во поглед на термичките карактеристики на објектите, дури 50,8% од објектите немаат никаква изолација, 42% имаат термичка изолација помала од пропишаната со Правилникот за нови објекти во 2013 година, а само 7,2 отсто имаат изолација според прописите.

Oва истражување покажа дека и покрај тоа што секој поединец во градот Скопје се жали на загадувањето, сепак само скромни 1,3 отсто одговориле дека при изборот на начинот на греење се водат од критериумот колку тој загадува. Главен критериум при изборот кај граѓаните е финансискиот (почетната инвестиција и месечните трошоци) и тој е важен за 74% од испитаниците.

Дури 44% од домаќинствата одговориле дека би се приклучиле на централно греење доколку им е достапно дури и доколку цената e малку повисока во однос на системот кој сега го користат.

Доколку не се преземат одредени мерки за намалување на локалното загадување тоа не само што нема да се намали туку и ќе се зголеми. 

Како може да се постигне оваа цел?

(Продолжува)

 

Објавено

Недела, Август 4, 2019 - 21:11

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе