Евроинтеграции

Скандалозен потег на Пошта: Карта на усташка Хрватска на македонска марка по повод 9 Мај

За да ѝ ја искаже својата благодарност на Хрватска за помошта во евроинтеграциите на Македонија, Македонска пошта со серија поштенски марки „Северна Македонија во ЕУ“ го одбележува 9 Мај, Денот на Европа. Ама во случајов, со марка за Хрватска, со сосема погрешна карта - карта на „голема Хрватска“.

Дизајнерот на марката, уредниците, директорите очигледно по сеќавање од НДХ време (Независна држава Хрватска, марионетскиот усташки хрватски режим за време на Втора светска војна), ја скицирале мапата на денешна Хрватска.

А тоа, според нашата Пошта, значи дека земјата членка на ЕУ, Хрватска, денеска ги опфаќа и териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора. Велика Хрватска!

Марката си стои на интернет страницата на Пошта и најверојатно се чека утрешниот ден за нејзина промоција. Се разбира, доколу веќе утре не стигне некоја нота од хрватската амбасада во Скопје. А потоа ќе чекаме и на соопштението за одговорноста за овој скандалозен потег на една државна институција.

А.Д.

НДХ

Република Хрватска, членка на ЕУ

 

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе