Симоновски вели дека противпожарната скала за Град Скопје е повеќе од неопходна

„Купувањето на противпожарната скала за Град Скопје е повеќе од неопходно. Купена е по наша препорака и врз основа на направена анализа“, изјави денеска командатот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Во изјава за медиумите денеска Симоновски нагласи дека направени се испитувања на теренот и на потребите на градот и оти според анализата, оваа скала е најсоодветна за градот.

„Оваа противпожарна скала е од ист тип и од ист производител како противпожарната скала во Загреб, но овде станува збор за различна дополнителна опрема. Секогаш дополнителната опрема се доплаќа дополнително и затоа е разликата во сумите за набавка меѓу скопската и загребската скала. Со оваа дополнителна опрема што ја купивме, можеме да кажеме дека граѓаните од Скопје кои живеат над петтиот кат, ќе бидат безбедни“, нагласи Симоновски.

Скалата е набавена на меѓународен тендер на кој се јавила само унгарската компанија „Хороскоп“ и се очекува да пристигне кон крајот на овој или почетокот на следниот месец.

Самиот производител е должен да обучи осум пожарникари и лица кои ќе ракуваат со опремата бидејќи станува збор за специфична повеќенаменска опрема. Самата корпа на скалата има дополнителна носилка за повредени и дополнителна ПП опрема.

Во однос на возилата, Симоновски посочи дека нивната просечна старост е околу 35 години и постапката за набавка на нови возила е почната уште во 2019 година, но Бирото за управна контрола при јавни набавки не ја одобрила набавката на три нови возила. Последен пат ново противпожарно возило од Градот е набавено во 2011 година.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе