Силно невреме, пороен дожд и грмежи во Скопје

Доцна попладнево силно невреме со ветер, пороен дожд и грмежи доцна ја зафати Скопската котлина, поизразено во нејзините источни делови, информираат од УХМР.

Попладнево на повеќе места во државава времето беше нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме со појава на град.

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно, локално и понатаму со пороен дожд, грмежи и силен ветер. И во следните часови ќе има услови за поинтензивни процеси во форма на невреме, соопштија од УХМР.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во крајните западни и крајните источни делови. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува силен југозападен ветер. Кон крајот на денот поради заладување на планините врнежите ќе преминат во снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува силен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 16 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со локални врнежи од снег.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе