СОМНИТЕЛНИ ЗДЕЛКИ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР

Шиповиќ жестоко го нападна Жерновски: Со пари од градежна фирма со Пенов се подготвуваат за локалните избори

Мирослав Шиповиќ директно го обвини Андреј Жерновски за корупција. Актуелниот претседател на Советот на општина Центар на Фејсбук напиша дека градоначалникот на општина Центар со сомнителен договор со една градежна фирма за вонсудско порамнување добил 200 илјади евра за кампања за претстојните локални избори.

„Градоначалникот Андреј Жерновски, со своите пајташи си направил договор меѓу општина Центар и градежна фирма за вонсудско порамнување во износ од 90 милиони денари или 1,5 милиони евриќи и истите на три месеци се платени“, пишува Шиповиќ на Фејсбук.

Тој бара да му се достави договорот на увид.

„Таков договор мора да биде одобрен од Советот на општина Центар, а воопшто не е ни разгледан, и градоначалникот не ми го доставува. Што ли крие? Ама аматер е за мене, јас со 40 години искуство, тој со ниедна, ќе откријам сѐ што мува“, пишува Шиповиќ.

Тој директно обвинува за корупција: „се зборува дека Жерновски и Пенов добиле од газда на градежна фирма 200.000 евра за самостоен настап на локалните избори“.

Претходно Шиповиќ објави информации за нерационалното трошење на пари од Жерновски за прошетките по Европа.

„Градоначалникот ЛАЖЕ. На прашање на советник ИЗЛАЖА дека бил приватно во Франција, а излегоа сметки за пат и престој кои ги платила општината...“, пиша на својот фејсбук профил Шиповиќ.

 

Она што нѐ кочи во изнаоѓањето на решение за името е непознавањето на теоријата за преговарње од надлежните, но и од оние кои и досега учествуваа и нѐ советуваа во преговарањето.

повеќе

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе