По укинувањето на судското стопирање

Шилегов за утре најави уривање на галијата кај „Холидеј ин“

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска изјави дека утре се очекува да продолжи дислоцирањето на галијата кај „Холидеј Ин".
Уривањето на галијата „Сидро" во Вардар пред месец и половина беше стопирано поради времена мерка од судот по тужбата на сопственикот. Сега времената мерака е укината, а соопственикот, бугарски државјанин, најави дека ќе продолжи со своите судски постапки. Шилегов вели дека лично пред судот ќе го застапува Градот.

Градоначалникот Шилегов вели внимателно се водени сите постапки и дека лично ќе го застапува Градот пред судот, наведувајќи дека условите за отстранување на галијата се исполнети, меѓу другото и зашто сопственикот доцни со исплата на кирии.

Неодамна Шилегов изјави и дека галиите во Вардар не само што не претставуваат естетика за Скопје, туку и дека според стручните анализи, меѓу кои и на УНДП, претставуваат сериозна опасност од поплави кои може да нанесат сериозна материјална штета и да ги загрозат животите на скопјани".

Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014" на владата на Никола Груевски, вреден околу 700 милиони евра. Со измена на Деталниот урбанистички план за Мал Ринг, во коритото на Вардар беа вцртани маркички за шест сплавови.

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе