Град Скопје

Шилегов: Вонредното прскање ќе го реши проблемот со комарците

Со вонредното терестично прскање против комарци што започна вчера во 21 часот мислам дека состојбата е сериозно ублажена и очекувам по завршување на прскањето целосно да се санира тој проблем, рече денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој рече дека урнат е рекордот на подигање и возобновување на зелените површини во пресрет на есенското садење во градот. Сега имаме над 117 илјади метри квадратни ново зеленило во Скопје, рече Шилегов.

Тој појасни дека постапката, процедурата, начинот и средствата за извршување на прскањето се работа која Градот од Заводот за јавно здравје ги добива до 31 јануари секоја година.

„Постапката, процедурата, начинот и средствата се работа која ние со заводот за јавно здравје ги добиваме до 31 јануари секоја година. Таму се определени местата, локациите, квалитетот на средството и периодите во кои се врши прскањето против комарци и ние сме должни согласно законски прописи на тие упатства да се придржуваме. Во текот на минатата недела беше авионско, сега со терестично прскање очекувам дека целосно ќе се санира тој проблем“, рече Шилегов во одговор на новинарско прашање.

Градоначалникот појасни дека на почетокот на август годинава имаше сериозно врнежливи денови, паѓање на дрва, невремиња, и тоа, како што додаде, се природни услови за вонредно рамзножување на комарците, но со вонредното прскање тој проблем ќе се санира. Појасни дека секогаш пред да се прска мора да се размислува за здравјето на луѓето.

„Секогаш кога се прска треба да се мисли пред се на здравјето на луѓето затоа што прскате хемикалија и затоа таа треба да биде по сериозни протоколи и препораки од здраветсвените власти. Не можеме ние да ги дигаме авионите и да прскаме секогаш кога мислиме дека тоа треба да го направиме. Целта на комарците не е уништување, туку редуцирање на нивниот број, рече Шилегов.

Досегашниот рекорд во озеленување на површини, како што рече Шилегов на прес-конференција, бил 100 илјади, и очекува оваа количина или кванититет на зеленило, имајќи предвид дека влегуваме во есенски период од годината, да биде сериозно надминат.

Градоначалникот појасни дека станува збор за повеќе зелени површини возобновени и воздигнати како што е новиот парк во Железара на потегот на Коцеметалец во површина од 4.460 метри, зелен коридор на булеварот „Никола Карев“ односно „Пластичарска“ од касараната „Илинден“ до раскрсницата „Детелинка“, нов зелен коридор кај клучката „Детелника“ во површина од 11.638 метри квадратни, ново булеварско зеленило на новотворениот булевар „АСНОМ“ во површина од 13.498 метри квадратни, ново булеварско зеленило на новиот булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во површина од 5.917 метри квадратни, зелен плоштад меѓу булеврите „Христијан Тодоровски Карпош“ и „Крсте Арсенов“ во површина од 6.608 метри квадратни, парк кај улица „Цетинска“ во површина од 2.000 метри квадратни, парк во Сарај во површина од 1.500 метри квадратни.

На ова, како што појасни Шилегов, треба да се додадат и поранешните депонии во Мичурин и Кисела Вода, во вкупна површина од околу 18.000 метри квадратни како и активностите кои ги работи Градот низ општина Карпош за подигнување на третиот дел од градскиот парк во површина поголема од 60.000 метри квадратни.

„Исто така треба да се споменат и ЈП „Паркови и зеленило“ кои само во периодот на пандемија возобновија нови 47.000 метри квадратни со вонреден ангажман во вонредни услови. Кога бевме во кампањата зборувавме со нашите сограѓани за ново зелено Скопје, од ден на ден, чекор по чекор секој ден зеленилото се зголемува и добива на нов квалитет, квалитет каков што заслужуваат нашите граѓани“, рече Шилегов.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе