Шилегов: Три опции за Универзална сала, а ако треба и референдум

Референдум на кој граѓаните ќе одлучат што да се прави со објектот на Универзалната сала во Скопје, е една од опциите кои ги најави на денешниот брифинг градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Во градот, како што рече, има три проекти за Универзална и три опции за тоа што ќе се гради.

„Постојат три опции кои можат да се случат на Универзалната сала: уривање на салата и изградба на нов објект на постојната локација, уривање на салата со дислокација и заштита на просторот со конкурсот кој што е во тек, и третата е реставрација на постојниот објект и изградба на нов културен објект на друга локација која што ќе биде дополнително определена. Заедничкото решение можно е да се бара и на референдум на кој ќе се изјаснат граѓаните, доколку стручната јавност не успее да најде решение“, рече Шилегов.

Негов личен фаворит, како што рече, е стариот објект да биде реставриран, а потоа следните чекори би биле распишување конкурс за реставрација на Универзална сала, како и конкурс за одредување локација за уште еден, нов објект од таков вид.

Градот според него, нема доволно средства за која било од овие три инвестиции и токму затоа ќе биде потребна државна инвестиција. Според првичните пресметки, изградба на нова сала на нова локација и рестраврација на постојната би чинело 20 милиони евра. Досега, од буџетот на државата за овој проект на Град Скопје му се одобрени само половина милион евра.

„Град Скопје е транспарентна институција и јас се обидувам како градоначалник да бидам што е можно најтранспарентен. Јас сум до таа мера спремен откако ќе ги разработиме сите солуции сите три да ги ставиме на референдум за изјаснување на граѓаните. Желба ми е  сите овие процеси за кои зборувавме да ги отвориме во периодот кој доаѓа и да ги затвориме доколку е возможно во текот на оваа година со цел во наредната буџетска година на државно ниво да влеземе со средства за реализација на она што ќе биде одлучено“, рече Шилегов.

Во однос на евентуалните нови локации, Шилегов рече дека е рано да се зборува за тоа но како опции за нова локација ги спомена спортската сала Борис Трајковски, односно изградба на друга сала до неа и оранжериите паркови и зеленило на самиот влез од Градски парк.

Тој уште додаде дека проектот од неговиот претходник Коце Трајановски за реконструкција кој се споменува во јавноста, значи уривање на Универзалната сала и изградба на нов објект со поголем габарит и чини 17 милиони евра.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе