Шилегов: Стопирана изградбата на панорамското тркало

Градбата на панорамското тркало е стопирана. Градот Скопје нема потреба од него и имаме среќа што не е платено, па барем ќе заштедиме граѓански пари, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Шилегов пред новинарите информираше дека за остатокот од објектите во коритото на реката Вардар, дел од постапките и процедурите се одвиваат внатре во градската администрација и се бара мислење и соработка од други надлежни органи, а приоритет е безбедноста на Скопје.

Договорот со градежната фирма ДГ „Бетон“ АД Скопје, како што кажа, е сторниран, а за позициите кои досега се изведени, како и за сѐ во „Скопје 2014“, „Бетон“ е навремено платен.

„Натамошната фаза на договорот предвидува поставување на тркалото, што сега засега е сторнирано“, рече Шилегов.

Скопскиот градоначалник информира дека во тек е правната постапка за галиите и најави оти во претстојните неколку дена надлежните инспекциски органи на Градот ќе ги посетат сопствениците на објектите за да се види нивната усогласеност со владините решенија, па ќе се преземат следните чекори.

На прашањето дали ќе има дислокација на спомениците од проектот „Скопје 2014“, Шилегов рече дека екипи составени од повеќе надлежни институции утврдуваат протокол за, како што ги нарече, „тие случувања“.

 

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе