По усвојувањето на дополнетата листа на имиња за улици во Скопје

Шилегов: Среќен сум што ќе ги вратиме старите имиња на улиците

Среќен сум што традиционални улици во нашиот град, коишто се поврзани со битието и функционирањето на урбано Скопје ќе ги вратиме, затоа што тие се уште разговорно помеѓу скопјани се викаат на тој начин, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Советот на Скопје вчера на седница ја усвои листата на регистарот на имињата на улиците во главниот град, со што се вратени некои претходни, како „Мексичка", „Ленинова", „Железничка"...

Скопскиот градоначалник денеска, на настан за стручното образование, одговарајќи на новинарски прашања рече дека процесот за нови имиња на улиците односно за враќање на старите е почнат уште пред една и пол година, а на вчерашната седница на Советот е донесена одлука со која е проширен Регистарот.

„Соогласно законските одредби, Регистарот се доставува на одобрување до Владата и мислам дека во текот на денов тоа ќе биде завршено. Откако Владата ќе го одобри тој Регистар со соодветна одлука, ќе продолжиме понатаму со процесот, чекор по чекор“, рече Шилегов.

Неодамна тој изјави дека во процесот биле земени предвид и размислувањата на граѓаните, за разлика од порано кога насилно биле преименувани улици и кршена волјата на скопјани.

На промената на имињата се противат советниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Шилегов кога веќе не може да се фали со изградени булевари и паркови ќе се фали со талибанско менување на имиња на улици“, истакнаа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе