Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје

„Шилегов среде плоштад прави полјана, наместо метропола од Скопје“

Петре Шилегов е единствениот градоначалник во светот кој наместо од градскиот плоштад да направи простор кој ќе доликува на метропола тој создаде полјана, обвинува со соопштение советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Чудни се естетските критериуми на Шилегов и за скопјани е несреќно долго најавуваното доуредување на плоштадот Македонија кон делот на ГТЦ каде на најфрекфентното место Шилегов вметна зелена трева со што го ограничи просторот на движење на граѓаните онаму каде тоа е потребно. Градот Скопје станува експеримент на фрустрациите, хировите и криминалните експерименти на Шилегов“, се вели во соопштението.

Оттаму додаваат дека ако оправдувањето на, како што го нарекуваат, скандал мајсторот Шилегов е дека посочената парцела е приватна сопственост тогаш тој е градоначалник цели три години и зошто не ја дооформил парцелата и ставил под владение на градот, а дури потоа да врши доуредување на просторот.

„Ако парцелата не е на градот Скопје тогаш кој ја создаде полјаната која е дел од проектот на Петре. Шилегов должи објаснувања на скопјани. Правењето полјани онаму каде не им е местото, а од друга страна уништувањето на паркови не е нешто со што треба Шилегов да се гордее“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе