петок, 10 мај 2024

Седум повредени во пет сообраќајки за 24 часа

Седум лица се повредени во пет сообраќајни несреќи што се случија во текот на вчерашниот ден, а и некое време по полноќ. Три пријави за сообраќајни несреќи се упатени до СВР Скопје, една е во Струга и една во Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 6 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово – Скопје, во близина на Рафинеријата, патничко возило БМВ со бугарски национални ознаки, управувано од В.К.(41) од Косово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово.

Истиот ден во 15.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Босна и Херцеговина“ со ул. Александар Урдаревски и ул. Ќемал Сејфула се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило опел мерива, управувано од Ш.С.(38) од с.Брест, скопско, патничко возило фиат 500, управувано од М.Ц.(25) од с.Кучевиште, скопско и патничко возило фолксваген туран, управувано од З.З.(66) од Скопје, трите со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото опел мерива, Б.М.(31) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле тројцата возачи, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски и Градската општа болница 8 Септември.

Во текот на вчерашниот ден во 14.10 часот во ОВР Струга било пријавено дека на крстосницата од улиците Владо Малески со Пабло Неруда во Струга, патничко возило цитроен со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Г.(52), удрило во велосипед, управуван од Б.М.(47), двајцата од Струга. Во несреќата Б.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата Св.Еразмо во Охрид.

Во 11.30 часот во СВР Битола било пријавено дека дека на ул. Борис Буџевски во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ауди со битолски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(69) од Битола и мопед управуван од Б.С.(65) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Битола.

Денеска (10.05.2024) во 04.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Партизански одреди во Скопје, мопед хамачи со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.М.(37) од Скопје, удрил во метален столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Џ.А.(36) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Во сите сообраќајки е направен увид и се утврдуваат причините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ