Заврши акцијата за зазеленување на главниот град

Шилегов: Со пролетната акција засадивме 2.000 дрвца во Скопје

Екипи на Град Скопје денеска засадија 42 висококвалитетни листопадни садници од видот јавор во дрворедот на булеварот 8.Септември, како и 20 садници од видот бреза во средишната жардиниера на булеварот. Со тоа заврши пролетната акција за зазеленување на Скопје.

„Денеска завршува пролетната акција за зазеленување на Скопје. Оваа пролет го збогативме градот со нови 2.000 висококвалитетни листопадни садници. Садевме во сите градски општини со цел во рамките на проектот ‘Дрво за секое дете’ граѓаните да можат да си одберат локација за нивното дрво. Наесен, планираме засадување на 8.000 нови висококвалитетни садници, со што оваа година ќе ја заокружиме бројката од 10.000 нови дрвја во Скопје“, рече денеска градоначалникот Шилегов, на акцијата за садење на булеварот 8.Септември.

Тој додаде дека зазеленувањето останува на врвот на листата приоритети на Град Скопје, а оваа пролет беше искористена да се обнови загубеното зеленило.

„Се обврзавме пред граѓаните да го вратиме загубеното зеленило кое претходната власт го уништуваше на територијата на општина Карпош, додека ние се бориме за секој сантиметар слободен простор за ново зеленило. Во таа насока, борејќи се за секој сантиметар слободен простор, излегуваме од рамката на садење дрвја на јавните површини и садиме 40 листопадни садници во дворот на Центарот за рехабилитација во Капиштец, за да им обезбедиме на нашите сограѓани повеќе зелени површини“, изјави Шилегов.

На денешната прес-конференција, на завршувањето на акцијата, освен Шилегов, учествуваа и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Адријан Муча.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе