По реакциите од јавноста

Шилегов со најава на Фејсбук: Утре ќе се урива објектот на кровот на ГТЦ

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска на својот Фејсбук профил објави дека Град Скопје донесе одлука за демонтажа на времениот објект на кровот на ГТЦ, а тоа, како што пишува, подразбира демонтажа на изѕиданите sидови од сипорекс блокови, демонтажа на кровниот покрив и демонтажа на челичната конструкција над подот. 

„По реакциите на граѓаните најпрвo беше донесена одлука за стопирање со работите на времениот објект. Сепак, земени се предвид општата и стручната јавност, и по консултациите со Асоцијацијата на Архитекти и Иницијативата ‘Го Сакам ГТЦ’, од утре и официјално започнуваме со демонтажа на објектот, а на неговото место ќе биде посадена трева со ниско украсни цветни аранжмани, во согласност со постојниот проект за зелен покрив на ГТЦ.

Работата на останатиот дел од кровот е во полн ек, во текот на следната недела започнуваме со поставување на земјената подлога и во текот на месецов ќе можеме да го видиме поставувањето на првото зеленило”, напиша Шилегов. 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе