Шилегов: Скопје е првиот град во Северна Македонија што се приклучил на Зелените градови на ЕБОР

Паметен систем за осветлување, паметен систем за паркирање, следење на системот за квалитет на воздухот, јавно мислење и систем на задоволство на граѓаните и други модули ќе бидат дел од Дигиталната градска платформа преку која Скопје ќе се впише во мапата на зелените градови како модел за другите градови во земјата и регионот, информираат од Град Скопје

На денешното обраќање на Годишна конференција на зелените градови на ЕБОР, градоначалникот, Петре Шилегов, истакнал дека Скопје е првиот град во Северна Македонија што се приклучил на Зелените градови на ЕБОР и го започнал развојот на акциониот план.

„Во март 2019 година, Градот Скопје и ЕБОР го започнаа Акциониот план за зелен град (GCAP) следејќи ја методологијата на ЕБОР, како дел од вклучувањето на градот во програмата на Зелените градови на ЕБОР. GCAP ќе му помогне на Скопје да ги идентификува, да им даде приоритет и да ги реши своите најгорливи еколошки предизвици со одржливи инвестиции во инфраструктурата и соодветни политички мерки“, споделил тој.

Дополнил дека подобрувањата во јавниот превоз ќе помогнат да се зголеми употребата на јавниот превозот и да се намали користењето приватни автомобили.

„Градот Скопје иницираше имплементација на системот за паметно осветлување и платформата Дигитален град, заснована врз најнапредните технологии (Интернет на нештата – IoT) што ќе овозможи поврзување на различни уреди и компоненти со платформата преку Интернет со цел да се соберат податоци и да ги разбере настаните во реално време, да ги анализира и да ги преземе потребните активности“, кажа Шилегов.

Со цел да се промовира енергетската ефикасност на Град Скопје и да се намалат трошоците во сегментот на градско осветлување, Градот е во фаза на имплементација на ЛЕД и паметно осветлување.  

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе