Град Скопје

Шилегов: Се урива првата од трите галии во Вардар

Првата од трите галии во коритото на Вардар, заминува во историјата. Ова попладнево го напиша Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје на својот фејсбук профил.

Галииите како дел од проектот Скопје 2014 беа поставени во реката Вардар во центарот на Скопје од централната и локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

На денешното уривање реагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Уривањето на галијата е чист предизборен маркетинг на Петре Шилегов. Четири години е градоначалник и две работи по кои ќе биде запамтен е уривање на галијата и засадување на едно сиромашно дрво. А само да потсетиме дека на скопјани им ветуваше подземен тунел под Кале, нови булевари, мостови и паркови. Третата работа која што е поврзана со градење, а го има печатот на Петре Шилегов е зградата дивоградба која што ја изгради во време на неговиот мандат во скопски Карпош. Искрено се надеваме дека големата офанзива за рушење на Петре ќе продолжи со неговата зграда дивоградба изградена со парите од украдените пари од тендери.

Затоа Петре Шилегов освен тоа што ќе биде запаметен како најнеуспешниот градоначалник и ќе биде меѓу првите кои што кривично ќе одговараат за она што им го направи на скопјани“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На ова веднаш реагираа од СДСМ. „Рушењето на галијата изведено согласно сите правни услови е чистење на остатоците од ѓубрето на ВМРО-ДПМНЕ што зад себе го остави во главниот град по 27 години владеење.

Се понервозни се во ВМРО-ДПМНЕ онака како што наближуваат изборите. Знаат дека се се поблиску до нов изборен пораз па затоа секојдневно ги засилуваат лажните вести, конструкциите и празните закани кон градоначалникот Петре Шилегов. ВМРО-ДПМНЕ го запусти Скопје трошејќи стотици милиони евра на барок, гипс фасади, галии, споменици и палми додека цели населби беа без основни услови за живот. Денес во Град Скопје се инвестира рамномерно, се следат и реализираат потребите и барањата на граѓаните. Затоа Шилегов и СДСМ се убедливи фаворити и извесни победници на локалните избори“, соопшти СДСМ.

Од компанијата ЕМУС АД Скопје, сопственик на галијата, велат дека судскиот спор е во тек. „Ова е приватна компанија со капитал од Република Бугариј. Галијата е целосно наша инвестиција во износ од 1,2 милиони евра и местото беше под закуп на Градот Скопје за период од 10 години. Наместо да сече ленти, да отвара булевари, нашиов градоначалник се фали што руши инвестиција од 1,2 милиони евра затоа што за време на карантин од ковид 19“, велат од компанијата.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе