Шилегов се спрема за отстранување на три галии и четири споменици

„Мојот став е непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици, од кои еден е тргнат, а две од галиите се во тек на отстранување. Тоа е она што е наша јурисдикција. Но ги охрабрувам и општина Центар и Министерството за култура како институции носители во тој проект да продолжат да ги преземаат оние работи кои согласно закон треба да ги преземат, а тоа е да ги отстранат дивоградбите наречени Скопје 2014“, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање по денешното отворање на аркингот за велосипеди „Велоштад“ во рамките на Транспортниот центар.

Нема компромисен став во однос на објектите од Скопје 2014, вели Шилегов и додава дека институцијата со која раководи е единствената институција која досега има отстрането такви обележја.

Тој додава дека се уште не се имплементирани препораките што ги дала комисијата формирана од Владата во врска со овој проект, но очекувам да почне да се работи попосветено на ова прашање имајќи го предвид и дописот кој Владата го има испратено до Општина Центар за носење на новиот детален урабанистички план за Мал ринг. 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе