Шилегов предлага по 100.000 денари помош за семејствата на загинатите кај Ласкарци

Советот на Скопје денес ќе одлучува за предлогот на градоначалникот Петре Шилегов за доделување парична помош од по 100.000 денари на семејствата на петнаесетмина загинати во сообраќајната кај Ласкарци. 

„Градот Скопје, како израз на солидарност кон семејствата на загинатите во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово на секое семејство ќе додели парична помош од 100.000 денари“, пишува во одлуката.

Доколку советниците ја изгласаат одлуката, парите на семејствата ќе им бидат исплатени од Буџетот на Град Скопје, од постојната резерва.

Задолжен за реализација на одлуката е градоначалникот Шилегов.

Сообраќајната несреќа во која загинаа петнаесетмината патници се случи на 13 февруари кога автобус на „Дурмо турс“ излета од патот.

 

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе