сабота, 4 мај 2024

Строги забрани во Црна Гора: за шетање во костими за капење во пешачките зони казни и до 1.000 евра

Локалните власти на Тиват одлучиле да го забранат движењето на туристи во костими за капење во пешачките зони, градските паркови, на плоштадите и во потесното градско јадро.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Забраната не се однесува на зоните за капење, а за оние кои нема да ги почитуваат овие мерки предвидени се казни од 20 до 1.000 евра.

Локалниот парламент прифатил и измени и дополнувања на Одлуката за регулирање на сообраќајот во областа на општина Тиват со кои се проширени пешачките зони во градот, во кои е воведена експлицитна забрана за движење со електрични тротинети и други слични возила.

Велосипедистите се обврзани да се движат исклучиво по велосипедски патеки.

На возачите на електрични тротинети и слични возила, кои ќе возат во забранетите пешачки зони, им се закануваат парични казни од 20 до 500 евра, јавува подгорички Вијести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ