Шилегов најави дека пролетва ќе се засадат 1.200 дрвја во сите скопски општини

Денеска, на првиот ден на пролетта, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ симболично засадија 10 декоративни садници од видовите туја розенталис и ацер и 1.200 цвеќиња од видот виола - темјанушка во дворот на ОУ „Мирче Ацев“, во општината Ѓорче Петров. На акцијата за засадување дрвја присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча и голем број ученици од ова основно училиште.

„Во тек е редовното пролетно уредување на јавните зелени површини во градот. Оваа пролет е предвидено да се засадат повеќе од 1.200 повеќегодишни висококвалитетни листопадни и зимзелени садници во сите скопски општини. Работиме и на обновување на средишното булеварско зеленило. Градот од оваа пролет ќе биде побогат и за неколку нови паркови чие оформување е во тек“, рече градоначалникот Шилегов.

Деновиве, според него, се работи на уредување на новиот парк „Ибни Пајко“ зад зградата на Филхармонијата, на обнова на зелените површини во Центар и во Карпош на булеварот Партизански одреди, на парковите на булеварот Февруарски поход и булеварот Србија во Аеродром, на булеварот Борис Трајковски во Кисела Вода, на улицата Втора македонска бригада во Чаир, како и на паркот во близина на Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“.

Градоначалникот додаде дека зазеленувањето останува на врвот на приоритетите на Град Скопје и дека со враќањето на зеленилото во градот се подобрува животната средина и квалитетот на воздухот.

 

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе