По вчерашниот инцидент

Шилегов ќе поднесе кривична пријава против фирмата од чии цистерни истече солна киселина

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека ќе поднесе кривична пријава против фирмата од чии цистерни вчера во кругот на поранешната фабрика Металски завод Тито (МЗТ) истече солна киселина. Инспекторите за животна средина на град Скопје вчера констатирале дека фирмата не поседува елаборат за заштита на животна средина.

„Иако надлежен за вакви инсталации е Државниот инспекторат за животна средина, ние веднаш по пријава на граѓани излеговме на терен. Направен е записник, констатирано е дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се преземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. Фирмата работела без дозвола, па затоа ќе поднесеме кривична пријава до Обвинителството. Го повикувам Јавното обвинителство сериозно да ја сфати состојбата со животната средина и да почне соодветно да постапува по вакви и слични пријави“, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.

Во тој дел од поранешната фабрика поставени се цистерни на „Металхем“ и „Мекохемија“, две фирми со исти сопственици. Толкаво количество на солна киселина, сулфурна киселина и натриум хидроксид во близина на населено место претставува вистинска еколошка бомба. Освен тоа, во близина на ова складиште има магацин со прехранбени продукти. 

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе