Совет на град Скопје

Шилегов ја продава Градската куќа за 12,7 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ е против

Барокната зграда Градска куќа во центарот на Скопје ќе оди на продажба, најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната седница на Градскиот совет. Почетна цена на зградата е 12,7 милиони евра. Причината за продажбата на објектот е бидејќи во него немало доволно место за сите вработени во администрацијата на градот Скопје, а и локацијата била лоша.

Шилегов убедува дека финанскиски загуби нема да има.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ жестоко реагираше на ваква одлука и вели дека се работи за „бомбона бизнис“ на Шилегов. Советниците од опозицијата, кои ја напуштија денешната седница на Советот, велат дека се ова лаги за јавноста на градоначалникот Шилегов кој сака „на шверцерски начин да отуѓи нова, за стара градба“.

Проектот Градска куќа го почна претходниот градоначалник Коце Трајановски. шверцерски начин сака да отуѓи нова, во замена за стара градба.

„Не сум ја лажел јавноста дека Градската куќа нема да се продава. Изјавите на ВМРО-ДПМНЕ се лаги и зло, наместо да креираат конструктивна политика“, возврати Шилегов. Според него, се работи за обид да се продаде Градската куќа зашто објектот е граден како мртвороденче, за кое се знаело дека нема да ја собере целата администрација на Скопје.

„Станува збор за целосно нефункционален објект. Објект за кој што сите анализи покажуваат дека нема да може да биде сместена постоечката администрација, од една страна. Од друга страна, ако се има предвид дека процесите на децентрализација се веќе најавени и градот ќе има други ургенции. Де факто сме направиле објект што не може да ја заврши својата улога. Објектот е на локација која не им користи на граѓаните“, рече Шилегов и додаде дека продажбата ќе оди на аукција.

Градската куќа е во изградба и се наоѓа наплоштадот, до кејот на Вардар.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе